Фудбалерите на Њукасл стигнаа до голема победа на гостувањето кај Тотенхем од 1-2 во натпревар од 13. коло во англиската Премиер-лига. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Калум Вилсон во 31. минута по големата грешка на Иго Љорис.
До крајот на првото полувреме Њукасли го удвои водството 0-2 со погодокот на Алмирон во 40. минута. Во вториот дел Тотенхем заигра далеку подобро, но единствено што успеаја да направат избраниците на Антонио Конте е преку Хари Кејн во 54. минута само да го ублажат поразот (1-2).
[deleted by user]
by insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

