Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ истакна дека Баерн Минхен нема да ангажира напаѓач, и дека очекува Себастиен Тел да се наметне како главен „шпиц“ во таборот на „Баварците“.
Оваа изјава доаѓа „контра“ сите легенди на Баерн, меѓу кои и Ули Хенес кои сметаат дека на Баерн неопходен му е шпиц по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона.
Запрашан дали во зимскиот преоден рок Баерн ќе тргне по Хари Кејн, Салихамиџиќ одговори:
„Не ни треба напаѓач. Убеден сум дека Тел ќе се докаже сезонава, и тој ќе биде нашата иднина“, рече Салихамиџиќ.
Ули Хенес кажа дека Баерн Минхен се излажал дека ќе го надомести отсуството на Роберт Левандовски и дека дефинитивно му треба напаѓач. Оливер Кан, пак, рече дека Баерн најверојатно ќе ангажира нов напаѓач во јануари, што е апсолутно спротивно од изјавата на Салихамиџиќ.
17-годишниот Тел во девет меча има два гола за Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА