Роналдо состави листа од најголемите асови на сите времиња, за Кристијано нема место!

Легендарниот Луис Назарио Де Лима Роналдо остави голема трага во фудбалот, а за многумина тој е најдобриот напаѓач во историјата, ас чија приказна можеше да биде уште поголема ако не беа проблемите со повредите.

Бразилецот е врвно име и неговиот збор има тежина, па зборувајќи за тоа кои играчи се најдобрите на сите времиња на овој спорт тој издвои осум икони, група во која немаше место за Кристијано Роналдо.

„Мислам дека има многу, многу посебна група каде што ги имате Диего, Меси, Кројф, Бекенбауер, Пеле, Ван Бастен, Роналдињо. Би се вклучил и себеси. Нека кажат навивачите, нека дебатираат по баровите. Ама не можете да ги рангирате, не можете да споредувате генерации“, порача Роналдо за ‘Гардијан’.

Се вчитува...