Иниеста искрено проговори за депресијата: Ја прегрнувам сопругата, а ми се чини дека гушкам перница

Легендарниот фудбалер на Барселона, е човек кој со националниот тим ги освои најважните пехари како на европско така и на светско ниво.

Дон Адрес се уште е активен и го носи дресот на Висел Кобе во Јапонија, токму Шпанецот се одлучи да проговори за нефудбалска тема, односно обелодени дека подолго време бил во депресија.

„Решив да зборувам за моето ментално здравје и за мојата борба против депресијата. Знам дека сум јавна личност, но морав некои работи да ги кажам такви какви што се. Никогаш не размислував дали некој ќе ме нарече луд или слаб. Кога се борев со депресија, најдобриот дел од денот ми беше кога земав апче и одев да спијам. Во депресија ја губите животната радост. Легнувам во кревет, ја прегрнувам сопругата и ми се чини како да гушкам перница. Не чувствував ништо. Сè уште одам на терапија бидејќи треба да бидам во мир со себе, изјави Иниеста.

Се вчитува...