Челси го спасува Роналдо со трансфер од Манчестер во Лондон!

Откако Челси се откажа од трансферот на Кристијано Роналдо во изминатото лето, кога менаџерот Томас Тухел инсистираше дека не му е потребен во тимот, сега „сините“ повторно покажуваат интерес.

Газдата на тимот од Лондон, Тод Боели повторно го оживува интересот за Португалецот, кој е во немилост кај менаџерот Ерик тен Хаг поради скандалозниот потег на мечот со Тотенхем. Роналдо одби да влезе во игра и потоа веднаш го напушти стадионот „Олд Трафорд“ пред да заврши натпреварот.

Тоа резултираше со привремено исфрлање на фудбалерот од првиот тим и не беше во комбинација за саботното дерби токму со Челси.

Боели смета дека Роналдо може сериозно да му помогне на Челси оваа сезона и ќе се обиде да го намами во Лондон. Англиските медиуми велат дека Роналдо и Јунајтед во јануари ќе се разидат и тоа со меѓусебна спогодба.

Се вчитува...