Викендов во центарот на вниманието на фудбалската јавност беше кон ВМФЛ и деветтото коло, откако изостанаа натпреварите од ПМФЛ.
Особено беше интересен дерби дуелот меѓу Гостивар и Вардар, но и други останати пресметки. По завршеното коло се огласи и судиската комисија при ФФМ, која и овојпат ги анализираше одлуките на арбитрите ширум земјава в неделата.
На дербито во Гостивар, домаќинот доби пенал по туркање од Јован Попзлатанов над Антонио Каланоски. Комисијата ја потврди одлуката на судијата Доне Ристовски како коректна.
Покрај средбата меѓу Гостивар и Вардар, анализирани беа уште неколку ситуации. Судиите викендов беа на нивото, па така разгледани беа ситуации на натпреварите меѓу Слога и Беласица, Локомотива со Охрид, како и Саса против Караорман, а арбиртите донеле добри одлуки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА