Македонската фудбалска репрезентација до 17 години жени, денеска обезбедија трета победа во низа и на тој начин ја поминаа првата фаза од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2023 година.
Фудбалерките предводени од селекторот Катерина Милеска во последната рунда ја совладаа Молдавија (2-0).
Ибраими и Илиевска ја донесоа победата за „црвено-жолтите“ на последната средба, 2-0. Македонија претходно славеше и над репрезентациите на Албанија (5-2) и Косово (2-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА