Наџи Гарвин повеќе не е кошаркар на прволигашот Феникс 2010 откако скопскиот клуб и центарот се договорија за раскин на договорот. Американскиот интернационалец пристигна во тимот како големо засилување за битката под обрачите, но не ги исполни очекувања.
Во негова полза не беше ниту нецелосната рехабилитација од претходно стекната повреда па и покрај тоа што доби минимална шанса на дуелите против Академија ФМП и Струмица клубот се одлучи да бара нов играч кој ќе биде целосно подготвен за предизвиците кои следат.
Феникс 2010 сезоната ја започна со победи против Работнички и Академија ФМП, а првиот пораз го забележа на гостувањето во Струмица во 3. коло. Во следното коло „виолетово-жолтите“ силите ќе си ги одмерат со Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

