Гвардиола: Се надевам дека Халанд нема да јаде и пие премногу

Останува уште помалку од еден месец до Светското првенство во Катар. До средината на ноември ќе има многу збиен распоред во Лигите низ Европа, а во јануари ќе продолжат првенствата на Стариот континент.

Поголемиот дел од играчите на најдобрите клубови нема да имаат шанса за одмор, но има и дел од оние чии репрезентации не се пласираа на најголемата светска фудбалска егзибиција.

Еден од нив е моментално најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд, кој ја започна сезоната во својот нов клуб Манчестер Сити со нереални 22 гола на 15 натпревари. Норвежаните не се пласираа на Светското првенство, па 22-годишниот напаѓач ќе има можност да одмора повеќе од еден месец.

Зборувајќи за обемот на работа на играчите и оние кои нема да играат во Катар, Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити изрази надеж дека неговиот напаѓач ќе се врати од одморот во врвна форма.

„Разговарав со играчите кои нема да играат на Светското првенство имајќи предвид дека ги чека подолг одмор. Халанд во еден дел сигурно ќе биде во неговата омилена дестинација Марбела, а другиот дел во Норвешка. Како ќе игра во вториот дел од сезоната зависи од тоа како ќе се однесува во Марбеља на одмор. Ќе игра голф и се надевам дека нема да јаде и пие многу и дека ќе се врати во клубот во најдобра форма“, изјави Пеп.

Се вчитува...