Првото засилување во ерата на Потер ќе биде напаѓач од градски ривал?

Челси се подготвува за првите засилувања во ерата на Грем Потер, а тоа би можело да биде Вилфред Заха. Неговиот договор со Кристал Палас завршува ова лето по кое дефинитивно заминува од клубот, но во обид да се стигне до финансии нема да биде изненадување тој да биде продаден и во јануари.

Новиот стратег на „сините“, Грем Потер во поранешниот репрезентативец на Англија кој сега настапува за Брегот на Слоновата Коска гледа како еден од клучните играчи во сезоните кои следат па и доколку не се реализира трансферот во зимскиот преоден рок, Челси ќе му понуди голем договор кој ќе тешко да го одбие во јули.

Заха најголемиот дел од својата кариера ја помина во редовите на Кристал Палас за кој одигра 440 натпревари и постигна 88 гола. Покрај Палас во кратко настапуваше и во дресот на Манчестер Јунајтед, но не успеа да се наметне покрај Ван Перси, Руни, Чичарито…

Се вчитува...