Сместувањето е едно од најголемите прашања со кои се соочуваат луѓето кои ќе патуваат во Катар на Светското првенство во фудбал. Покрај големата побарувачка за соби во Доха, некои од навивачите ќе спијат на бродови за крстарење, втори ќе кампуваат во пустината, а многу ќе летаат од Дубаи или другите околни земји.
Но, пред Светското првенство, во малата земја домаќин богата со гас, борбата за домување не е ограничена само на туристите. Лудилото за недвижнини во Катар ги зголеми кириите и ги принуди редовните жители да ги напуштат своите домови, оставајќи многумина на цедило.
Жителите на земјата, каде што иселениците се побројни од локалното население девет спрема еден, велат дека зголемената побарувачка и недостигот на соби пред Светското првенство им овозможиле на сопствениците да ги зголемат кириите за повеќе од 40% во многу случаи на краток рок, принудувајќи ги станарите да се пакуваат и да ги напуштат становите.
Светското првенство во Катар почнува на 20. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА