Брегалница со голот на Додев до триумф против Академија Пандев (ВИДЕО)

Брегалница конечно ја запре низата од пет едноподруго натпревар без победа, триумфирајќи со 1-0 против Академија Пандев во првиот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во дербито на Истокот кое мина без многу возбудувања, Брегалница беше подобра во второто полувреме и токму тоа пресуди да ги однесе трите бода од денешниот натпревар на Градскиот стадион во Штип.

Клучниот момент во 62. минута кога Ѓорѓиев одлично асистираше испраќајќи одлична топка во длабочина, а Дарко Додев мајсторски со полуволеј од 15 метри откосо смести во мрежата на гостите.

Академија Пандев продолжува со очајната резултатска серија, не успевајќи повторно да дојде до бодови.

ПМФЛ – 12. КОЛО

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ 1-0

Додев 62′

УТРЕ (14 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

Прилеп: ПОБЕДА – СТРУГА ТЛ

Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ

Се вчитува...