Кошаркарите на Пелистер го совладаа тимот на ФМП Академија во 3. коло во кошаркарското првенство на Македонија. Пелистерци иако имаа негатива по првиот дел од четири разлика, со одлична игра во вториот дел успеаја да слават триумф од 70-79.
Првата четвртина ја доби ФМП со три разлика, и покрај тоа што во еден момент имаше +6. Во вториот период домашните кошаркари ја одржуваа разликата и на крајот на полуво заминаа со предност од четири разлика.
Пресвртот се случи во третиот период во кој Пелистер брзо дојде до предност, и потоа само ја зголемуваше. На крајот од третиот период имаше водство од осум разлика, што беше доволна да се дојде до победата. И последниот период го добија битолчани со еден разлика.
Мустафица од Пелистер постигна 25 поени и 16 скока, додека Овенс кај ФМП беше најефикасен со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
















