Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа четири натпревари. Феникс Санс триумфираше против Голден Стејт Вориорс со убедливи 134-105.
Девин Букер со 34 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Стеф Кари заврши со 21 поен.
Лука Дончќ очигледно не може се сам. И покрај тоа што успеа да постигне 37 поени, неговиот Далас Маверикс загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс со 113-111. Најефикасен во таборот на победникот беше Треј Марфи со 22 поени.
Во останатите мечеви: Вашингтон – Детроит 120-99 и Оклахома – ЛА Клиперс 108-94.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

