Менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира, во интервју за Би-Би-Си изјави дека „вратите се затворени“ за менаџерите со темна кожа.
Виеира, единствениот тренер со темна кожа во англиската Премиер-лига, смета дека треба да се направи повеќе за да се охрабрат играчите со темна кожа да се занимаваат со тренерство по играњето.
„Мораме да им дадеме можности на луѓето со темна кожа. Ние сме добри како сите други и не треба да имаме повеќе или помалку можности од кој било друг. Кога ќе ги погледнете првите пет лиги во светот и ќе го погледнете бројот на тренери со темна кожа, тоа не е доволно. Недостасува можности. Недостига поврзаност помеѓу фудбалерите со темна кожа и луѓето кои носат одлуки“, изјави менаџерот на Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

