Мираковски: Се гледа колку е силен МЗТ, но спортски е да се надеваме на изненадување

Работнички ќе ја има улогата на голем аутсајдер на денешното дерби со МЗТ Скопје (17 часот, сала Кале). „Центарци“ во првите две кола загубија од Феникс и од Пелистер, но јасно е дека тимот на Димитар Мираковски претрпе огромни промени во текот на летото и ќе му треба уште време за воигрување. Работнички во изминатиот месец доби два големи спонзори, но оттогаш не е доведено ниту едно врвно засилување со кое квалитетот на играчкиот ростер би бил кренат дополнително, а Мираковски на располагање го има тимот од стартот на сезонава, кога амбициите беа многу пониски од сегашните.

Младиот стратег со голем респект гледа на МЗТ Скопје, но и не се откажува од желбата да го изненади актуелниот шампионат.

„Добро го знаеме квалитетот на противникот, од настапите во АБА1 се гледа колку е силен овој тим на МЗТ Скопје, со огромен број на македонски репрезентативци и квалитетни странски засилувања. Добро е познато и каква агресивна одбрана играат тимовите на тренерот Петровиќ, чиј пример сега го следи и МЗТ Скопје. Квалитетот и фаворитската улога можеби се на нивна страна, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме без борба. Работевме квалитетно во овој период, напредокот во нашата игра е се поголем и верувам дека наскоро ќе дојдат и резултатите. Проблем е што нашите играчи немаат искуство на играње на вакви натпревари, па затоа мој совет е да дадат е од себе во меч во полна сала и одлична атмосфера, спортски е да се надеваме на изненадување и голема победа“, изјави Мираковски во пресрет на денешното дерби.

Се вчитува...