Со голема поддршка на семејството Георгиевски, Кошаркарската федерација на Македонија и Македонската радио телевизија на 29. октомври од 20 часот и 50 минути ќе биде премиерата на документарниот филм „Среќна 13-ка“ посветен на еден од најголемите играчи во историјата на македонската кошарка, европската и светската кошарка – Благоја Георгиевски-Буштур.
Во истиот се прикажани детали од неговата играчка кариера, а со суперлативи за Буштур говорат и легенди на македонската и југословенската кошарка со кои тој го делеше паркетот во клупската кариера и репрезентацијата на СФРЈ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

