Сагата со Роналдо ќе кулминира по Мундијалот во Катар – Кристијано и Бејл повторно во ист клуб?!

Кристијано Роналдо оваа сезона имаше лош старт со Манчестер јунајтед, па веќе се по очигледно е неговото заминување од тимот на „црвените ѓаволи“. Сагата на Португалецот се очекува да кулминира по Мундијалот во Катар кон крајот на годинава и тоа со негова преселба во САД.

Според американските медиуми, Роналдо кариерата речиси сигурно ќе ја продолжи во Лос Анџелес, но засега не се знае во кој од двата тима од овој град. Поголеми шанси има ЛА ФК, за кој настапува Герет Бејл заедно со Карлос Вела, Џорџо Кјелини и Кристијан Телјо, но нема да биде преголемо изненадување ако му се придружи на ЛА Галакси за кој пред неколку години настапуваше Златан Ибрахимовиќ.

Роналдо претходната недела беше казнет со 1,2 милиони евра откако одби да влезе во игра на неодамнешниот меч против Тотенхем, со што стави крај на шансите за некаква соработка со тренерот Ерик Тен Хаг.

Се вчитува...