ВИДЕО: Шкупи за само 17 минути го „збриша“ Тиквеш – Водство од неверојатни 3-0!

Шкупи има помалку неверојатно водство од убедливи 3-0 по само 17 минути на натпреварот против Тиквеш во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани експресно дојдоа до убедлива предност со која се чини веќе го трасираја патот кон трите бода.

Уште во 3. минута Младеновски постигна гол за водство од 1-0.

Во 14. минута Алварез веќе зголеми и на 2-0.

А, во 17. минута Демири го постигна и третиот гол за Шкупи за водство и од 3-0.

Се вчитува...