Прилепска Победа го шокираше лидерот Струга ТЛ со убедлива победа од 2-0 во Прилеп во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шкупи дојде до, се чини, лесен триумф од 4-2 против Тиквеш, а Шкендија и Силекс минимално со 0-1 славеа на гостувањата против Скопје односно Работнички.
Чаирчани експресно дојдоа до убедлива предност од 3-0 против Шкупи по само 17 минути игра во првото полувреме, со што ја најавија победата на натпреварот.
Уште во 3. минута Младеновски постигна гол за водство од 1-0.
Во 14. минута Алварез веќе зголеми и на 2-0.
А, во 17. минута Демири го постигна и третиот гол за Шкупи за водство и од 3-0.
Во второто полувреме Тиквеш успеа, сепак, да се врати во игра со два гола. Најпрво феноменален гол постигна Вареловски во 72. минута за 3-1, а потоа во 77. минута Мишов стрелаше за намалување на предноста на домашните и на 3-2.
Но, сепак, Шкупи со голот на Маргвелашвили во 87. минута заокружи за конечни 4-2.
Прилепска Победа го шокираше лидерот Струга ТЛ со триумф од 2-0. Херој за прилепчани беше стружанецот Адем Мазари кој одигра феноменален натпревар, постигнувајќи два гола. Голот за водство против „своите“ Азари го постигна најпрво во 31. минута од средбата…, а потоа по одлична акција мајсторски погоди и во 78. минута за 2-0.
Шкендија, пак, триумфирше со 0-1 на гостувањето против Скопје со голот на Љупчо Дориев во 32. минута од средбата.
До минимална гостинска победа од 0-1 дојде и Силекс против Работнички во Скопје. Кратовци до победата дојдоа со голот на Обадовиќ во 22. минута кој, се чини, беше од сомнителна позиција за анализа, но судиите не се осудија да покажат офсајд-позиција.
ПМФЛ – 12. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-1
Дориев 32′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0-1
Обадовиќ 22′
Прилеп: ПОБЕДА – СТРУГА ТЛ 2-0
Мазари 31′, 78′
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 4-2
Младеновски 3′, Алварез 14′, Демири 17′, Маргвелашвили 87′ – Вареловски 72′, Мишов 77′
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ 1-0
Додев 62′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

