Силекс го прескокна и Работнички, им „дише во врат“ на Струга, Шкендија и Шкупи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Силекс продолжува со одличните игри сезонава во Првата македонска фудбалска лига веќе издвојувајќи се како една од најдобрите четири екипи во шампионатот.

Кратовци триумфираа и денеска на гостувањето против Работнички во Скопје, минимално со 0-1 но сосема доволно за повеќе од важните три бода. Силекс, на тој начин, продолжува да им „дише во врат“ на водечките сега на само четири бода од лидерот Струга ТЛ.

Откако Обадовиќ во 22. минута го постигна голот, потоа составот на Горазд Михаилов максимално тактички, мудро ја чуваше предноста за заслужена конечна победа.

 

Се вчитува...