По помирувањето со Тен Хаг, Роналдо доби поддршка и од Георгина: Продолжи со истиот жар, кој никој не може да го изгасне!

Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува Шериф од Тираспол во натпреварот од петтото коло во Лига Европа и ја бара четвртата победа во групата. Сепак, далеку поважна тема во клубот од „Олд Трафорд“ на претходните мечеви беше односот меѓу тренерот Тен Хаг и првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Роналдо.

Португалецот одби да влезе на теренот во победата над Тотенхем, кога остана на клупата, а потоа менаџерот Тен Хаг го исфрли од тимот пред дербито со Челси. Сепак, од почетокот на неделата двајцата ги смирија односите по неколку разговори, па Роналдо се врати на тренинзите со првиот тим.

Самиот Португалец ги потврди барањата на Холанѓанецот објавени на Фејсбук, во кои тој ја изрази својата лојалност кон тимот.

„Повторно назад на теренот со истата желба, ангажман, посветеност, како и секогаш!“, напиша Роналдо на Инстаграм.

Овие зборови ги поддржа и неговата поубава половина Георгина.

„Продолжи со истиот жар, кој никој не може да го изгасне. Одиме понатаму!“, се вели во нејзината порака.

Се вчитува...