Шалке 04 доби нов тренер

Томас Рајс е нов тренер на Шалке, објави клубот од Гелзенкирхен на својата официјална веб-страница. На клупата 49-годишниот Рајс ќе го наследи Френк Крамер кој доби отказ поради слабите резултати на стартот на сезоната.

Во последните три години Рајс го водеш Бохум, а во септември остана без работа по лошиот почеток на оваа сезона. На чело на Бохум беше на 112 натпревари и забележа 50 победи. Тимот од Гелзенкирхен во моментов е на последното место во Бундеслигата со шест бода, три помалку од сигурната зона.

„Предизвикот е голем, но јас сум цврсто убеден дека го имаме потребниот квалитет за заедно да ја постигнеме нашата голема цел, а тоа е опстанок во елитата“, изјави Рајс.

 

 

Се вчитува...