Комесарот за безбедност на второлигашот Гостивар, Арун Адеми доби суспензија од една година поради напад и физичка пресметка со раководството на Воска Спорт на натпреварот од 5. коло во Втората лига кој се одрига во Голема Речица.
Тензичниот натпревар ескалираше со инцидент и пресметка на теренот и трибините, за која од ФК Воска Спорт преку соопштение информираше дека било нападнато нивното раководство од страна на хулигани од Гостивар. Адеми бил пријавен како еден од тепачите во инцидентот, а дисциплинската комисија му изрече остра санкција според дисциплинскиот правилник.
Дисциплинската санкција ќе трае од 18 септември 2022 до 18 септември 2023 година, доколку комисијата за молби и жалби не го помилува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА