Перфектиниот учинок на Емил Рајковиќ и ЦСКА Мосвка продолжува и по шесттото коло во ВТБ лигата откако московскиот клуб славеше со убедливи 102-66 против Енисеј. Победата „армејците“ ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 27-16, а продолжија во исто темпо до крајот на мечот.
Претходно ЦСКА Москва славеше Самара, Цмоки Минск, Локомотив Кубањ, Москва и Саратов, а во следното коло македонскиот стратег го очекува најтешкиот предизвик во досегашниот дел од првенството – Зенит со кој веќе се сретна во финалето од ВТБ Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА