Пабло Мари прободен во предградие на Милано

Пабло Мари, фудбалерот на Монца е прободен во напад кој се случил во предградие на Милано, пренесуваат италијанските медиуми. Инцидентот се случил во маркет „Керфур“ во шопинг центарот „Миланофиори ди Асаџо“ каде 47-годишен маж зел нож од полица на маркетот и од непозната причина почнал да ги напаѓа луѓето.

Покрај Мари избодени се и пет други лица кои се сериозно повредени, а привичните информации велат дека има и починато лице. Фудбалерот е во стабилна состоја и неговиот живот не се наоѓа во опасност. Според очевидци неколку храбри луѓе успеале да го совладаат напаѓачот по што интервенирала и полицијата.

Се вчитува...