Дончиќ им одржа час по кошарка на Дурент, Ирвинг и компанија

Лука Дончиќ одигра уште еден натпревар за паметење, предводејќи го Далас до голема победа на гостувањето во Бруклин, со 125-129 по дополнителни пет минути игра. Словенецот беше незапирлив, реализирајќи 41 поен, 14 асистеенции и 11 скокови, надополнети со три украдени топки.  Со тоа, Дончиќ стана само десетти кошаркар во историјата на НБА со најмалку три трипл-дабл натпревари со минимум 40 постигнати поени.

Тој го почна продолжението со поени за водство на Далас, а потоа умешно ги разигра соиграчите, по што гостите се одлепија и на крајот стигнаа до победата. Дурент постигна 39, а Ирвинг 37 поени за Далас, но и тоа беше недоволно за да се избегне пораз.

Голден Стејт го совлада тимот на Мајами со 123-110, уште еден дуел на кој блесна Стеф Кари, со седум погодени тројки за 33 поени, надополнети со девет асистенции и седум скокови.

ЛА Клиперс го претрпе и третиот пораз во низа губејќи на гостувањето во Оклахома Сити со 118-110, додека Сакраменто се уште е без триумф сезонава откако „кралевите“ загубија на домашен терен од Мемфис со 110-125.

Резултати НБА:

Бруклин – Далас 125-129 ( по прод.), Оклахома – ЛА Клиперс 118-110, Голден Стејт – Мајами 123-110, Сакраменто – Мемфис 110-125.

Се вчитува...