Кристијано Роналдо се врати во тимот на Манчестер Јунајтед и успеа да се запише меѓу стрелците на дуелот од Лигата на Европа против Шериф, исход од кој задоволството не го криеше стратегот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.
Холандскиот стручњак го исфрли Роналдо од тимот за дербито со Челси, но веднаш потоа Португалецот се врати на тренинзи и експресно беше стартер против Шериф, како најава дека Тен Хаг смета сериозно на неговите услуги.
„Пресреќен сум за Роналдо, бидејќи му беше потребно да постигне гол за да се врати во ритам. Тој даваше се од себе на натпреварот, креираше… целата екипа креираше за него бидејќи сите многу добро знаеме за каков голгетер станува збор. Му требаше само еден гол, сега го постигна, не се сомневам дека Кристијано ќе постигне уште многу голови за Манчесстер Јунајтед“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

