Јирген Клоп, менаџерот на англискиот фудбалски вицешампион Ливерпул, е санкциониран со 30.000 фунти поради вербален напад над судијата за време на дербито во Премиер-лигата во кое неговиот тим пред единаесет дена го совлада Манчестер Сити со 1-0.
Германецот беше отстранет од клупата по жестоките протести кон помошниот судија бидејќи сметаше дека неговиот напаѓач Мохамед Салах бил сопрен со прекршок кон крајот на натпреварот.
„Менаџерот на Ливерпул прифати дека неговото однесување во 86. минута е недолично“, соопшти Англиската фудбалска асоцијација (ФА).
По натпреварот, Клоп се извини за своето однесување и рече дека требаше да се однесува поинаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

