Бинжие го урна рекордот на 400 метри слободно

Кинеската пливачка, Ли Бингжие постави нов светски рекорд на делницата на 400 метри слободно на кинеските квалификации за Светското првенство во мали базени.

Таа делницата од 400 метри ја помина за време од 3:51:30 минути што е за скоро три секунди побрзо од досегашниот светски рекорд кој го постави Австралијанката, Ариарне Титмус на Светското првенство 2018 година (3:53:92 минути).

Кинеската пливачка е актуелна светска шампионка на 400 и 800 метри во мали базени.

 

 

Се вчитува...