Оливие Жиру и Милан преговараат за продолжување на соработката. Францускиот офанзивец наскоро ќе наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво. Тој во моментов е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.
Токму заради ваквиот придонес во играта, „росонерите“ на маса наскоро ќе му понудат нов договор, овозможувајќи му да остане на „Сан Сиро“ уште најмалку една сезона.
Неговиот договор со Милан истекува на крајот на сезоната. Двете страни се блиску до договор и наскоро Французинот ќе потпише договор до 2024 година со опција за уште една сезона.
— Daniele Longo (@86_longo) October 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА