Јувентус ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Лече откако на долгата листа на повредени фудбалери се приклучија уште двајца стандардни првотимци, и тоа најдобриот стрелец Душан Влаховиќ и италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели.
Влаховиќ се повреди на последниот меч со Бенфика, за среќа проблемот со мускулот не е премногу сериозен, но тој во секој случај нема да може да настапи викендов.
„Влаховиќ уште има болка во мускулот и ризикот од негов настап е преголем. Локатели нема да игра поради лични причини“, објави тренерот Масимилијано Алегри на денешната прес-конференција.
На листата на играчи за овој дуел ги нема ниту Погба и Киеза, кои имаа минимални шанси за настап, но не се рехабилитираа навреме, како и Аргентинците Ди Марија и Паредес, кои најмалку уште десетина дена нема да бидат во тренажен процес со остатокот од тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА