Баерн без клучни играчи и против Мајнц

Баерн Минхен ќе биде сериозно ослабен за утрешниот дуел со Мајнц откако тренерот Нагелсман обелодени дека клучните фудбалери ја загубиле трката за настап на овој натпревар.

Лирој Сане не е ниту блиску до камбек, но Нагелсман се надеваше дека барем Томас Милер и Мануел Нојер ќе ги надминат своите проблеми и ќе можат да настапат утре на „Алијанц Арена“. Сепак, тоа нема да се случи.

„Милер се обиде, но не успеа. Се уште не е максимално подготвен и нема да настапи против Мајнц. Истото се однесува и на Мануел Нојер“, изјави стратегот на баварскиот гигант.

Добра вест за Нагелсман е што тимот функционира одлично и без двајцата ветерани, кои не настапија ниту на последниот триумф на „Камп Ноу“ над Барселона во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...