Барселона одигра импресивен меч и го декласираше тимот на Милано со преубедливи 74-56, како најава за надминување на резултатската криза од стартот на сезонава. Гостите од Италија беа достоен ривал само во првата четвртина, што благодарение на Дејвис (1о поени) ја завршија со нерешени 21-21. Барселона целосно доминираше во останатите три периоди од овој дуел, не дозволувајќи им на кошаркарите на Милано ниту за момент да се понадеваат на изненадување.
Тоби со 13 и Хигинс со 11 поени ги предводеа стрелците кај Барселона, додека Дејвис со 18 поени беше единствена светла точка во таборот на Милано.
Асвел неочекувано лесно и убедливо ја декласираше екипата на Басконија со 87-61. Триумфот беше најавен со импресивната прва четвртина што францускиот тим ја доби со 24-10, предност што домаќините ја контролираа до самиот крај, за триумф со преубедливи 26 поени разлика.
Метјус и Обахонас со по 13 поени беа најефикасни во победничкиот тим, кој го одбележа одлична колективна игра, додека Гидреитис беше прв играч на Басконија со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА