Диего Дало по мини авантурата во Милан се препороди во последната година и се избори за првотимски статус во Манчестер Јунајтед, кој успеава да го одржува и со новиот менаџер Ерик Тен Хаг.
Дало одлично го замени Ван Бисака на десната бековска позиција, па како еден од најконстантните од стартот на сезоната, сега си даде за право да испрати совет до менаџерот Тен Хаг.
Кристијано Роналдо на последниот меч се врати со гол за конечни 3-0, а Дало смета дека тоа е доволно добра препорака за да остане стартер и во иднина.
„Треба да сме среќни што го имаме Кристијано во тимот. Тој се врати со гол, тоа е нешто што Кристијано го прави 20 години наназад. Секојдневно постигнува голови и тој ни е од голема помош. Со него на теренот ние сме подобар тим и среќни сме што повторно е со нас“, изјави Дало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА