Пабло Мари, фудбалерот на Монца, кој деновиве успеа да преживее откако беше избоден во трговски центар во предградие на Милано, го чека двомесечна пауза поради повредата на грбот.
Станува збор за нанесена повреда во нападот на психички пореметено лице кое повреди петмина, а еден почина. Мари веднаш беше опериран и е во добра здравствена состојба, но сега ќе почека на „кам-бек“ на теренот поради повредите.
Медиумите од Италија пренесуваат дека Монца на него ќе може да смета дури од новата 2023 година. Тој има повреда на мускули на грбот, кои ги здобил со бодежот од напаѓачот.
„За вакви повреди два месеци е периодот кој мора да помине пред да се вратите на физичките активности“, објавиле докторите.
Мари во болница ќе остане викендов по што ќе биде пуштен на домашно лекување
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА