Напаѓачот на Полска и Барселона, Роберт Левандовски по трансферот од Баерн продолжи да ги решети мрежите и во шпанската Примера.
Новинарот Кристијан Фалк изјави дека во трансферот е вклучена посебна клаузула која може да му донесе дополнителен приход на германскиот гигант. Тој потенцираше дека германскиот првак договорил клаузула според која Барселона мора да му исплати дополнителни 1,25 милиони евра за секоја сезона во која 34-годишниот напаѓач ќе постигне најмалку 25 голови.
Левандовски потпиша четиригодишен договор, а тоа значи дека Баерн може да заработи дополнителни пет милиони евра од трансферот на полскиот напаѓач.
Искусниот фудбалер досега постигна 17 голови за екипата на Чави, и тоа 13 во шпанската Ла Лига, како и други пет во Лигата на шампиони, па Левандовски се наоѓа блиску до активирање на клаузулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

