Голеада во Минхен: Баерн со убедлив триумф над Мајнц до лидерското место во Бундеслигата

Баерн очигледно се налути, па денеска го победи Мајнц на свој терен, со убедливи 6-2 во рамки на дуелот од 12. коло од германската Бундеслига.

Баерн имаше разновидна игра, па имаше пет различни стрелци, а мрежата на Мајнц ја погодија Гнабри во петтата, Муисал во 28., Мане во 43. и Горецка во 58. минута од натпреварот. Мане постигна гол на одбиена топка откако претходно промаши пенал. Петтиот гол го постигна Теи во 79. минута, а шестиот Чупо-Мотинг во 87. минута.

Головите за Мајнц ги постигна Видмер во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме, а интересно на третиот гол на Баерн и на Мајнц му претходеше промашен пенал на Буркард. Вториот гол за гостите го постигна Ингвартсен во 82. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...