Бразилскиот фудбалер Рафаел Гоес да Силва не е повеќе дел од Работнички. Двете страни со взаемен договор, се разделија после повеќе од една година соработка.
Гоес Да Силва дојде во „романтичарите“ во август 2021 година. Играчот од средниот ред ги мина сите младински категории на Фламенго, пред да му се приклучи на Работнички.
Оваа сезона Гоес одигра само седум натпревари, или вкупно 309 минути во Првата лига. Стандарден беше минатата сезона кога одигра 27 натпревари, или вкупно 2108 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

