Дортмунд вечерва славеше во Франкфурт со 1-2 во рамки на 12-то коло од германската Бундеслига.
Гостите први го отворија мечот, благодарение на Џулијан Брант во 21. минута. Сепак, радоста кратко траше, домаќините брзо одгворија, па веќе во 26. минута го вратија почетното реми со голот на Даичи Камада.
Мечот се решаваше во вториот дел, а во овој период подобро одиграа фудбалерите на Дортмунд, кои во 52. минута одново погодија за водство, овојпат стрелец на голот беше Џуд Белингем.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

