Калин Ивановски доминантно до титула во Грција!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до нова титула во својата кариера откако на турнирот во Грција славеше во големото финале против романскиот тенисер Себастијан Гима со 2-0.

Македонецот беше доминантен во текот на целиот меч и му дозволи на противникот само два гејма, добивајќи ги двата сета со по 6-1 притоа нанесувајќи го првиот пораз за фаворизираниот Романец во последните десет меча.

За победата во големото финале Ивановски доби и 15 илјади долари колку што изнесува наградниот фонд.

Се вчитува...