Шкупи со голот на Сандеј Адетунџи буквално во последните секунди од средбата донесе предност од 0-1 за чаирчани на гостувањето против Македонија ЃП во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Продолжува, пак, агонијата за „пандевци“ кои на полувреме имаат негатива од 0-1 против Работнички, Тиквеш води со 1-0 против Победа, а без предност (1-1) ќе стартува вториот дел меѓу Струга ТЛ и Брегалница во Струга.
Шкупи дојде до предност од 0-1 во Ѓорче Петров со погодокот на Сандеј Адетунџи во 45. минута.
Возбудливи први 45 минути се играа во Струга, каде домаќинот Струга ТЛ и Брегалница имаат 1-1 на полувремето.
Струга ТЛ поведе со феноменалниот погодок на Хоган Укпа во 22. минута од средбата. Укпа од 30 метри испрати вистинска „бомба“ во мрежата на Шчекиќ.
Но, веќе во 24. минута одлична акција на гостите. Борха Кордоба убаво асистираше за Ѓорѓи Ѓорѓиев кој од десеттина метри смести во мрежата на домашните.
Тиквеш има предност од 1-0 на полувремето против прилепска Победа. Кавадарчани до предност дојдоа со голот на Карчески во 37. минута.
Работнички, пак, има водство од 0-1 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица по погодокот на Рушевиќ уште во 19. минута од натпреварот. „Пандевци“ дополнително отежната задача во второто полувреме ќе имаат и поради тоа што пред полувремето останаа и со играч помалку.
ПРВА ЛИГА, 13. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АК.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1
Рушевиќ 19′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-1
Адетунџи 45′
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1-1
Укпа 22′ – Ѓорѓиев 24′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ПОБЕДА 1-0
Карчески 37′
СКОПЈЕ слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА