ВТОРА ЛИГА: Тетекс продолжува да тоне, убедлив пораз и од Слога Виница

Екипата на Тетекс продолжува да тоне во второлигашкото друштво, овој пат и со убедлив пораз на домашен терен од Слога Виница во последниот натпревар од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига.

„Штофарите“ пред своите навивачи загубија со 0-3.

Гостите задачата до трите бода си ја завршија уште во првото полувреме со головите на Емир Хусеиноски во 37. минута и Иван Мицевски во 45. минута. Хусеиноски постигна и свој втор гол, во 71. минута, за конечни 0-3.

По овој пораз Тетекс со 7 бода, остана на претпоследната позиција на табелата единствено пред Борец, кој е без бодови.

Се вчитува...