Удинезе останува на осмата позиција во Серија А откако не успеа да стигне до победа на гостувањето кај „фенерџијата“ Кремонезе. Составот за кој настапува и македонскиот интернационалец Илија Несторовски мораше да се задоволи само со бод по ремито без голови.
Македонскиот голгетер беше на клупата на резерви, но не доби шанса на денешниот натпревар.
Со денешното неочекувано реми беше испуштена шанса за приближување кон местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона, но и покрај тоа Удинезе останува на два бода од четврттопласираниот Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА