Мемфис Депај е пред излезна врата од тимот на Барселона, па се очекува уште во зимскиот преоден рок да замине од Каталонија.
Депај не добива голема минутажа и е во втор план, па може да го искористи интересот на Јувентус и својата иднина да ја продолжи во Серија А.
Барселона сака да го продаде во јануари бидејќи на крајот на сезоната ќе замине без обештетување. Најконкретен интерес за Холанѓанецот покажува Јувентус, кој сака да го доведе во зимскиот преоден рок.
„Старата дама“ сака да го засили нападот, а Алегри верува дека Депај одлично ќе се вклопи во тимот.
„Бјанконерите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент, а можат да го доведат во Торино за симболична сума.
🚨 Juventus are expected to make a move again for Memphis Depay this January. 🤍🖤
(Source: @sport) pic.twitter.com/vGpaoTAz4I
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА