Реал Мадрид испушти значајни бодови во 12. коло во Ла Лига откако ремизираше со 1-1 против Гирона на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ долго се мачеа да го скршат отпорот на каталонците, а откако успеаја да ја затресат мрежата сладеше контроверзен пенал за гостите кој го постави конечниот резултат.
На судењето се пожали и тренерот Карло Анчелоти, а бесен на судиите по напреварот бил и Дани Карвахал кој кон соблекувалната урлал на делителите на правдата.
„Судењето не можеше да биде лошо од ова. Невозможно е. Што ќе беше ваква кражба да се случеше на Барселона или Атлетико“, пренесуваат шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА