Фудбалерот на актуелниот европски шампион Реал Мадрид и бразилски репрезентативец Винисиус Жуниор изјави дека Франција е прв фаворит на Светското првенство во Катар, бидејќи е актуелен освојувач на мундијалот.
Сепак, тој смета дека и покрај тоа што „галските петли“ влегуваат како први фаворити, има неколку селекции кои може да се надеваат на освојување на титулата.
„Ова ќе биде посебно Светско првенство за мене и за сите оние кои се надеваат дека Бразил ќе постигне добар резултат. По долго време имаме силен тим. Најдобрата репрезентација е секогаш онаа што го освоила последното Светско првенство. Мислам дека Франција е најдобра во моментов, но тоа лесно може да се промени на СП. Многу репрезентации имаат добри шанси да го освојат Светското првенство, а меѓу нив се Аргентина, Бразил, Англија, Германија… Сите ќе бидат добри, но нека победи Бразил“, изјави Винисиус.
Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. Бразил е во групата Г со Швајцарија, Србија и Камерун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА