Белгија се „тресе“: Лукаку пак се повреди на 20 дена до стартот на СП

Белгиската репрезентација се соочува со сериозна опасност да остане без најдобриот напаѓач за претстојниот мундијал по најновата повреда што ја заработи Ромелу Лукаку.

Корпулентниот голгетер неодамна се врати од незгодна повреда на мускулот поради која паузираше повеќе од еден месец, а Симоне Инзаги не сакаше да избрзува со негово враќање во стартните единаесетмина на „нероаѕурите“. Сепак, ниту внимателноста на тренерот на Интер не помогна бидејќи Лукаку заработи нова повреда.

Првичните прогнози се дека Белгиецот ќе го пропушти мечот од последното коло од ЛШ против Баерн Минхен, како и претстојното дерби против Јувентус во Калчо-лигата.

„Нероаѕурите“ прогнозираат дека паузата нема да изнесува повеќе од петнаесетина дена, што би значело дека Лукаку би можел да настапи на СП во Катар (стартува на 20 ноември), но Белгијците со право стравуваат, бидејќи евентуално одолговлекување на рехабилитацијата или обновување на повредата би значело и губење на сериозен адут во атакот на висок пласман на мундијалот.

Се вчитува...