Селекцијата на Велс по СП во Катар ќе си го промени името!

Фудбалската селекција на Велс по Светското првенство во Катар веројатно ќе настапува под ново име.

На следните официјални настапи Велс ќе настапува би требало под името Камре (Cymru) што е традиционален велшки назив за државата. Камре се користи во официјалната комунијација и документите на својата земја, а во иднина така ќе биде и на фудбалските настани.

„Репрезентацијата би требало да се вика Камре бидејќи ние така се нарекуваме. Сите репрезентации се под тоа име. Ако погледнете по интернет, на сите страници сме Камре. На меѓународен план има уште работа, видовте дедка Азербејџан и Турција ги користат своите јазици“, кажа претседателот на сојузот Ноел Муни.

Велс ќе настапи на Мундијалот во Катар во групата со Англија, САД и Иран.

Се вчитува...