Академија Пандев го крена гласот, Васоски останува наш тренер!

Александар Васоски и во следниот период ќе продолжи да биде тренер на Академија, на кого не му беше прифатена оставката.

Тимот од Струмица никако не може да оствари победа во лигата, се наоѓаат во зоната за опстанок, а единствените позитивни резултати им се во Купот на Македонија каде ги исфрлија второлигашот Тетекс и третолигашот Љуботен.

Васоски е оптимист, а и управата верува во подобри времиња за струмичани.

„На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот, беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Александар Васоски. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА. Управниот Одбор смета дека Александар Васоски е еден од најдобрите тренери во Македонија и дека тоа и ќе го докаже во наредниот период. Дадена му е целосна поддршка во сите одлуки кои смета да ги спроведе во иднина, за враќање на победничките патеки. Во минатото клубот се соочуваше и со подолги резултатски кризи, но на крај секогаш преку единство и сплотеност доаѓаше до остварување на зацртаните цели, затоа сметаме дека прифаќањето на оставката не е правото решение“, велат од Академија Пандев.

Се вчитува...